ИМА ПОТРЕБА ОД ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНИ

Одговорности:

-Подготовка на парчињата за обработка, познавање на основните правила за стартување и работењето на машините
-Основно опслужување на машините за обработка со одлеаноците, алатите
-Прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
-Извршување деловни операции според барањата определени во конструкциско техничката документација
-Познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
-Почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
-Грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:

III. степен, насока: металопреработувачка без искуство (Машински Техничар)
IV. степен, насока: металопреработувачка без искуство (Машински Техничар)

Вештини:

-Прецизност
-Соработка со останатите
-Снаодливост
-Организација на сопствената работа
-Осет за простор и чистота

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа и услови за работа
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултати.

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: hr.mk@lthcastings.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 31/01/2020.

Ве очекуваме!