ЛТХ Леарница вработува: Индустриски леари (4 извршители), Општи работници (2 извршители)

Одговорности:
• ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и усни инструкции дадени од страна на претпоставените;
• контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;
• прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;
• контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;
• поправка на минорни недостатоци, одржување на оперативноста на машините и алатите според упатствата на технолозите
• одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;
• познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
• извршување други задачи според упатство од претпоставен

Потребни квалификации:
• основни познавања математички операции
• завршено средно образование за индустриски леар
• подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување

Услови за работа:
Позицијата бара строго користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден оброк
• додатоци на плата за сменска работа и услови за работа
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок
• награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите биографии можат да ги испратат на: [email protected]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: еден месец од огласувањето.

Ве очекуваме!