„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. SLO
Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок, машинска обработка на одлеаноците и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на новоотворените работни места:

КОНТРОЛОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД

Квалификации:
Средно стручно образование – техничка насока

Способности:
Прецизна комуникација вербална и дигитална, логика и аналитика

Одговорности:
– рекламирање на материјалите и производите кои не ги исполнуваат барањата
– проверка на пропишаните ознаки на амбалажата
– соработка со надлежните служби во врска со специфични материјали или услуги
– повремено контролирање на складирањето и транспортот на материјалите и производите
– оперативно извршување на влезна односно завршна контрола
– документирање и архивирање на резултатите од тестирањата во согласност со интерните прописи, упатства и контролните планови
– грижа за контролната документација=

Важно!
Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Вашите апликации можете да ги испратитe на наведената адреса со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“ и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

https://www.lthcastings.com/careers