„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. SLO
Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок, машинска обработка на одлеаноците и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на новоотворените работни места:

OПЕРАТОРИ НА CNC ГЛОДАЛКИ И ЕРОЗИМАТИ ВО АЛАТНИЦА

Квалификации:
Средно стручно образование – машински техничари

Способности:
Дигитално образование, тимска работа, читање на цртежи, скиции нацрти

Одговорности: 
-подготовка на парчињата за обработка и алатите за симнување на струшка
– машинска обработка на едноставни составни делови на алатите и справите
– самоодржување на машината според пропишаниот план
– грижа за чисто и уредно работно место
– почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
– извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од претпоставениот

Важно!
Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Вашите апликации можете да ги испратитe на наведената адреса со избор на „EMPLOYMENT OPPORTUNITIES“ и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

https://www.lthcastings.com/careers