ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА

Одговорности:
– познавање на основните правила за стартување и работењето на машините за обработка
– основно опслужување на машините за обработка со определени одлеаноци
– прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
– познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
– почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
– грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:
-Средно образование, техничко; друго

Вештини:
– прецизност
– соработка со останатите
– снаодливост
– организација на сопствената работа
– осет за простор и чистота

Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден топол оброк
• додатоци на плата за сменска работа
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок
• доброволно приватно здравствено осигурување
• награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на линкот подолу најдоцна до 21/09/2022.

Ве очекуваме!

https://www.lthcastings.com/careers →EMPLOYMENT OPPORTUNITIES

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.