Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија за најпознатите произведувачи преку автоматизиран процес на леење под висок притисок, машинска обработка и конструкција на алати.

Поради зголемување на потребите на производството имаме потреба од следниве работни места:


ВОЗАЧ НА ВИЉУШКАР

Квалификации: Средно образование-сите профили, Б+Ц возачка дозвола е предност.
Способности: Активен возач


ОПЕРАТОРИ НА МАШИНИ

Квалификации: Машински Техничари
Способности: Брзо совладување нови вештини


! Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.


  • Покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • Обезбеден топол оброк
  • Додатоци на плата за сменска работа
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • Исплата на новогодишен надоместок
  • Доброволно приватно здравствено осигурување
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати

 


Вашите апликации можете да ги испратите на адресите погоре и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Краен рок на аплицирање 24/02/2023 година.

Ве очекуваме!

* Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.