Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
- поврзување на новите машини на интерната електрична инсталација
- периодични и превентивни прегледи и поправки на електричните и електронските уреди, но и на опремата за работа и нејзините составни делови
- монтажа на електро-опрема на новите алати и поправка на изработените алати во алатницата или одржување
- мерење, контролирање и определување на мерните единици на термо-регулаторите и термо-сондите
- уредување на документацијата и дополнување на шемите на струјните кола на електро-опремата на машините, уредите и инсталациите при промени и додатоци
- грижа за чисто и уредно работно место
- почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
- извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот
Од кандидатите очекуваме:
- уредување на работната околина
- упорност
- самостојност
- одговорност
- грижа за безбедност
Работната позиција бара:
- користење заштитна опрема, се работи 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – Производни погони
На избраниот кандидат му нудиме:
- покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз).
- обезбеден топол оброк
- исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
- исплата на новогодишен надоместок
- награди и бонуси согласно покажани резултат
- дополнително приватно здравствено осигурување
Аплицирајте на [email protected] или посетете ја нашата веб страна www.lthcastings.com
Ве очекуваме!
ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!
*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.