“Приклучете се на најдобриот тим во регионот и откријте го тоа што е надвор од вашата моментална граница!”

Со цел да го задоволиме зголемениот обем на работа, како и планираните промени во организацијата, вработуваме МЕНАЏЕР ПО ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА (SUPPLY CHAIN MANAGER).

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

• Формално академско образование или соодветно искуство од областа
• Претходно работно искуство од минимум 5 години, идеално во царинска испостава или шпедиција
• Планирање и диспозиција на нарачките за производство според моменталните потреби на клиентите, следење на нарачките;
• Следење на испораките, прием на роба, креирање инструкции за пакување на нови материјали;
• Одговорност за целокупното магацинско работење, вклучително и конечно царинење / уништување или продавање на отпадот;
• Увоз и заверка на увоз, извоз и заверка на извоз; одговорност за овие процеси пред соодветните институции на Република Македонија;
• Редовна проверка на залихите на компоненти на крајот на секој еден месец;
• Организација на транспортот;
• Надгледување и организирање на нарачки/компоненти;
• Ефективна комуникација со добавувачи/клиенти;
• Планирање и следење на финалните производи;
• Познавање на англиски јазик, германски ќе се смета за дополнителна предност;

КОЈ СМЕ НИЕ?

ОДВ-ЕЛЕКТРИК е КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера.
И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

Освен редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 10.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ОДВ-ЕЛЕКТРИК?

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат очекувањата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК може да достават кратка биографија и мотивациско писмо на следнава електронска пошта: [email protected]

Рок на пријавување: 30.09.2022 година

Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци.