“Приклучете се на најдобриот тим во регионот и откријте го тоа што е надвор од вашата моментална граница! ” 

Со цел да го задоволиме зголемениот обем на работа, зголемената побарувачка од купувачите низ целиот свет, потекнати од постојани нови проекти и производи, вработуваме Сметководител.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование (Економски факултет), или повеќегодишна пракса
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Напредно познавање на пишан и говорен англиски јазик, познавањето на германскиот јазик би била дополнителна предност
  • Со или без работно искуство
  • Искуството во системот SAP ќе се смета за дополнителна предност
  • Способност за пополнување извештаи до Дирекција за статистика
  • Материјална и финансиска сметководствена евиденција
  • Подготовка на плата
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности со конкретен рок
  • Логично размислување и аналитичен пристап во работењето, способност за работа под притисок
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
  • Снаодливост и способност за решавање на проблеми

ОДВ-ЕЛЕКТРИК е КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера. И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

Освен редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 10.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ОДВ-ЕЛЕКТРИК?

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат очекувањата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК може да достават кратка биографија и мотивациско писмо на следнава електронска пошта: [email protected] или на телефонски број: 071/353-820

Напомена:

Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за лични податоци.

Рок на пријавување: 31.01.2023 година