Ваквите податоци покажуваат дека во последните десет дена се бележи стагнирање на опаѓањето на нивото на водата.
Како главна причина за драстичниот пад на нивото на Охридското Езеро во повеќе наврати од страна на стручните лица беше посочувана сушата. Според нив, драстичните осцилации на Охридското Езеро во изминатите неколку години може да предизвика сериозни последици врз живиот свет во езерото, но и врз градежните објекти на крајбрежјето.