Од утре, 1 Јули, стартува електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот на е- Даноци.
Досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување на пријави, 7 дена во неделата. Стариот систем се става надвор од функција и ќе биде недостапен за користење на даночните обврзници.
Правните лица и вршители на дејност кои не мигрирале на новиот систем е-Даноци, нема да можат повеќе да ги користат е-даночните услуги.












