Според стручните лица станува збор за вид стоногалки кои живеат во влажна почва и се хранат со мртва органска храна. Како што тие посочуваат, масовна појава на овој вид стоногалки, кога тие во голем број можат да се забележат на површината на почвата, не е невообичаена и тоа најчесто се случува на крајот од есенскиот период, претежно во вечерните часови.
Причините можат да бидат најразлични, велат тие, како поради нивна преголема популација, така и поради промена на почвената влага.