Жарко Петрески од Скопје, претставувајќи се како основач и член на Левица побарал партијата да не учествува на претстојните парламентарни избори, бидејќи го прекршила партискиот статут. Но, од Левица велат дека тој е манупиулатор, а оваа негоа иницијатива ја толкуваат како страв на актуелната власт од она што партијата може да го постигне на изборите.
Инаку, тој до Основниот суд Скопје поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември, бидејќи во втората половина на октомври од лица од партијата бил информиран оти Централниот комитет на Левица на седница на 16 октомври со мнозинство гласови донел одлука партијата самостојно да настапи на изборите на 11 декември. Оваа одлука, како што напишал подносителот во дописот до судот, била во целост спротивна на статутот на Левица, поточно на членот 26, став 1, каде било прецизирано дека одлуки за учество или бојкот на избори донесувал Пленум, а не ЦК, за што на увид на судот го доставил и партискиот статут, донесен на 6 февруари годинава.
Здравко Савески, член на президиумот на Левица, вели дека човекот што има поднесено предлог за донесување привремена мерка за забрана Левица да учествува на престојаните предвремени парламентарни избори во декември, не е помеѓу основачите на партијата. „Не очекуваме дека ова ќе значи дека ќе ни биде негирано правото на учество на изборите. Очигледно е дека режимот се уплашил од Левица, но нема да им успее. Ќе биде фрапантно и преседан ако на ваков начин на една политичка партија ѝ биде забрането учеството на изборите. Ова е еден од типичните начини на режимот да направи притисоци“, изјави Савески.
Савевски вели дека добиле известување од судот и дека ќе ја чекаат официјалната одлука, но дека тоа нема да ги спречи да продолжат со предизборните активности и со подготовките за предвремените парламентарни избори на 11 декември.