Читател на OhridNews испрати фотографии на кои се гледа расфрлан отпад покрај пешачките патеки кои водат до селата Рамне и Велестово. Свеста на поединци очигледно и понатаму е на многу ниско ниво, наместо да го фрлаат градежниот шут и останатиот отпад онаму каде што му е местото, го оставаат во природата.
– Едноставно се згрозив од сликата која ја видов, се гледа колку ја чуваме природата и се грижиме за неа. Ова ѓубре, овој градежен шут, не е случајно донесен, туку свесно некој дошол со превозно средство, со намера, испланирано, за да го фрли тука, вели читателот.
Граѓаните со апел да престанат ваквите однесувања и надлежните да преземат активности за расчистување на националниот парк.
OhridNews