Поднеснеа е кривична пријава против 27-годишно лице од Дорманген-Германија со постојано место на живеење во село Добовјани,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавата следува откако во струшката Полициска станица од страна на полициски службеник било пријавено загрозување на сигурноста, извршено од страна на пријавениот. Имено, при преглед над пријавениот, од страна на полицискиот службеник било пронајдено пакување со непозната растителна материја  кое било одземено за понатамошна постапка. По ова, пријавениот, изреволтиран од настанот, два дена подоцна, на мобилниот телефон во повеќе наврати на пријавителот му упатувал сериозни закани по животот и телото, како и по животот на неговото семејство.

OhridNews