Снежното невреме кое вчера го зафати регионот го парализира Охрид. Улиците во градот не се расчистени, а тротоарите се прекриени со снег.
Со механизација се чистат главните сообраѓајници, но споредните улички и паркиралиштата се затрупани со снег. Најкритична состојбата е во стариот дел на градот и населбата кај Бараките.
На терен се екипи на јавните претпријатија и припадниците на Професионалнбата противпоижарна единица кои рачно ги чистат најкритичните места во градот, но изостанува помошта од граѓаните.
Од локланата самоуправа, пак, информираат дека од вчера вечер и денеска непрекинато се работи на расчистување на снегот од сите јавни површини во Охрид и неговата околина.
OhridNews