Охриѓанецот Трајан Целески Тачо, кому му е дијагностициран тумор на мозкокот, успешно е операиран во Италија, соопштија неговите блиски вклучени во кампањата за спас на животот на младиот спортист, која охриѓани масовно ја поддржаа.

Тие информираат дека сега се потребни средства за да продолжи лекувањето на Тачо. Ги повикуваат сите хумани граѓани, во рамки на можностите да донираат средства за спас на младиот живот. Тоа може да го направат и со вртење на телефонскиот број 143 486 или на наменската жиро сметка: 210501663814471 во НЛБ „Тутунска банка“, со назнака залекување на Трајан Целески.

Во кампањата за спас на животот на Трајан Целески Тачи се вклучија музички уметници, хуманитарни органиузации, угостителски објекти, компании, медиумите, како и свештеници на Дебарско – кичевската епархија, кои денеска во црквата Св. Троица во Охрид одржаа литургија за здравје на Тачо, каде беше поставена кутија за донации.

OhridNews