Неформалната организација „Чист Охрид“ оваа недела реализираше уште една успешна акција за чистење низ Охрид. Акцијата се спроведе околу СЦ „Климент Колески“ и околу ОУ „Григор Прличев.

Просторот околу основното училиште беше полн со најразличен отпад, производи што ги конзумираат претежно деца и млади:гуми за џвакање, грицки, чоколади, хамбургери. Иронија е самото постоење на спортскиот центар во такви услови и без никаква свест за животната средина околу него.При реализирање на акцијата наидовме на два бетонски „бунари“ кои беа до врв полни со ѓубре, кое очигледно е таму веќе подолг временски период.Со оглед на тоа дека спортскиот центар се наоѓа во склоп на училиштето може слободно да се заклучи дека надлжените одамна заборавиле на хигиената, уредувањето и одржувањето на овој простор, а со тоа се занемарило и здравјето на сите деца и млади кои секојдневно го посетуваат,велат од „Чист Охрид“.

Активистите на „Чист Охрид“ изразија поддршка на протестот кој ќе се оддржи денес во Скопје против загадувањето на воздухот.

OhridNews