Кривичниот суд во Скопје им изрече мерка притвор во траење до 30 дена на бизнисменот Зоран Милески – Кичеец и Бојан Јованоски познат како Боки 13, кои Јавното обвинитечство ги сомничи за  за изнуда на пари за влијание врз јавен обвинител, како и за перење на пари.

Во рамки на истрагата одземен и е мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која вчера си поднесе оставка од функцијата, за која кажа дека ќе стапи на сила штом политичкте партии се договорат за новот закон за СЈО. Исти така извршеи се прегледи во домот на родителите на Јованоски, како и во неговите работни простории во 1 Тв.

Притворените Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени дека зеле 1 милион и 500 илјади евра, за преку јавен обвинител врз кој имале влијание, да ја олеснат положбата на лице под истрага.

OhridNews