Утрово екипи од јавното претпријатие „Охридски Комуналец” го чистеа коритото на реката „Сушица” на пресекот на улицата „Ариф Мустафа” со булевар „Туристичка”. При тоа, беа извадени тросед, перници, ќебиња и друг различен отпад кој од страна на несовесни граѓани бил фрлан во реката.
Од претпријатието со осуда на ваквото однесување на граѓаните, кои доколку имаат ваков отпад, наместо да се обратат во јавното претпријатие за да се подигне, прават диви депонии и го фрлаат на несоодветни локации.
OhridNews