Имено, оваа просторија дефектологот при основното училиште, во иднина, ќе може да ја користи за дополнителна работа со децата со посебни образовни потреби кои се вклучени во воспитно образовниот процес со инклузија. Предвидено е подоцна и истата просторија да се опреми и со потребниот инвентар и нагледни средства.
Оваа активност е во рамки на годинеШниот циклус Црвен Крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА- ПХВ), кој општинскиот Црвен крст го започна по повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со инвалидност .