Не поминаа ниту два месеца откако англиските медиуми ја лансираа информацијата којашто го потресе европскиот фудбал, односно дека најбогатите англиски клубови одржале таен состанок, на кој се разговарало за формирање на некаква „суперлига“, а УЕФА веќе е подготвена за компромисен договор. .

Еден од најтиражните англиски весници The Guardian објави дека УЕФА ќе попушти под притисокот на најбогатите европски клубови и целосно ќе ја реформира Лигата на шампионите, во која место ќе има само за оние со најмногу пари и во која учеството нема да биде условено со пласманот во националните шампионати.

УЕФА сега може млесно да го спроведе најавеното во дело, бидјќи Мишел Платни повеќе не претседател, а токму тој имаше идеjа да направи систем кој на шампионите од помалите и посиромашни национални првенства, би им овозможил полесен пат до главната фаза во Лигата на шампионите.

Весникот тврди дека УЕФА драстично ќе го намали бројот на клубовите кои ќе играат во ЛШ, односно од ја преполови бројката од сегашните 32 на 16 екипи.


Овие 16 екипи би биле поделени во две групи, што на богатите ќе им гарантираат најмалку 14 натпревари со не помалку богати и секако квалитативно врвни тимови.

Според истиот извор, барањето за формирање на ваква лига стигнала од континентот, а не од Англија. Имено, големите тимови во Европа се исплашени од новиот договор за ТВ права кои го потпиша Премиерлигата, а кои „тежи“ фасцинантни 6,5 милијарди евра, што значи дека богатите премиерлигаши дополнително ќе ги зголемат своите буџети, односно ќе имаат уште повеќе пари за засилувања.

Колку за ислустрација, наредната сезона последнопласираната екипа во Премиерлигата од ТВ права ќе заработи неверојани 125 милиони евра! Оваа сума минатата сезона ја заработи Челзи, кој го освои првенството. Наследникот на Челзи, на крајот од сезоната ќе заработи 190 милиони евра.


Самите суми говорат дека на континетот не постои тим кој ќе може да ги следи англиските клубови. Поради тоа врвните шпански, италијански, германски и француски клубови сакаат да имаат што е можно повеќе атрактивни противници, бидејќи тоа ќе им носи повеќе пари од спонзорски договори и ТВ права.

Сигурно е дека УЕФА оваа идеа нема да ја спорведе наредната сезона, но од сезоната 2017/2018 може да биде спроведена.

„Макфакс“
OhridNews