Укината забраната за пиење на водата во Долно Лакочереј, се уште важи во Горно Лакочереј

ЈП Водовод Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати се укинува забраната за пиење на водата. Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, посочуваат од претпријатието. OhridNews