Во охридската Полициска станица, вчера,  телефонски се јавил свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во село Опеница-охридско и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците  на манастирот.

Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews