Охриѓанецот Тане Србиноски, страствен рекреативен риболовец, во каналот Студенчишта улови крап тежок 6,5 килограми.

-Ова е најголемиот крап уловен на спортски начин во каналот Студенчишта во Охрид до сега. – вели спортскиот риболовец Радован Димитриески.

Димитриески појаснува дека крапот во каналот Студенчишта се задржува до средината на април, а потоа мигрира во трската пред каналот, каде рекреативните риболовци немаат пристап, туку само стопанските риболовци кои ловат со мрежи.

OhridNews