Во пресрет на Денот на Републиката, 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, организира акција за чистење на спомен обележјата на паднатите борци од НОБ. Акцијата се спроведе во Спомен паркот на Револуцијата.
– Со ваквите акции сакаме да дадеме пример до сите млади како треба да се негуваат и почитуваат културно – историските спомен обележја, односно како да се слават луѓето кои своите животи ги положиле за слободата на Македонија, за нашата слобода. Во неколку наврати ние, членовите на УМС Охрид, имаме покажано дека сме општествено одговорни и тоа нема да запре тука, изјави претседателот на УМС, Илија Арнаудоски.
Арнаудоски потенцира дека во иднина се предвидени повеќе акции од ваков карактер, но и други кои ќе бидат од интерес на младите од Охрид.
OhridNews
OhridNews