Од 2010 година, советот на општина Охрид го усвои и се ообврза да го спроведе локалниот акционен план за унапредување и подобрување на животот на лицата со попреченост. Со него беа опфатени неколку области меѓу кои, подигање на јавната свест, физичка пристапност до објектите и потребните информации, образование со можност за унапредување во образованието во Специјалните паралелки и нивно вклучување во редовното образование, подобрување на социјалната заштита.
– И покрај тоа што имаме соработка со локалната власт има уште многу проблеми кои треба да се решат и сметаме дека треба да се вложат поголеми напори и од страна на локалната власт, но и од страна на Здруженијата на лицата со попреченост. Можеби е пречка тоа што Општина Охрид не е влезена во втора фаза на децентрализација и ги нема сите потребни ингиренции и овластувања, но со влегувањето во втората фаза од денцентрализација ќе нема можност повеќе за изговори околу решавањата на проблемите. На државно ниво, морам да кажам дека со назначувањето на новиот министер за труд и социјална политика работите се движат со побрзо темпо. Најавено е дека овие денови ке биде ратификувана и потпишана Конвенцијата на Обединетите народи за Еднакви права на лицата со попреценост. Со тоа, Владата и Парламентот превземаат голем број на обврски околу донесување на законски прописи за зголемувањето на правата и бенифициите со цел да дојде до подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, вели Славчо Џајковски, претседател на Здружението на слепи лица- Охрид.
Црвениот крст, како хуманитарна организација се вбројува во една од најактивните кои преку бројни активности се залагаат да им помогне на хендикепираните лица.
– Нашата еднократна помош или едукациите кои се реализираат во текот на годината не се доволни. Повеќе треба да се направи од страна на надлежните, државата како и локалните заедници. Да им се овозможи на овие луѓе преку одредени пропратни елементи да имаат ист пристап до инстиитуциите и да ги остраваруваат своите права на достоен начин. Сметам дека сето тоа кај нас е далеку од нивото во развиените земји. Обиди се прават, но сето тоа повеќе ми личи дека е стихијно, а не организирано и систематски, вели претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.
Од локалната самоуправа најавуваат бројни активности наменети за хендикепираните лица.
– Поголем дел од програмите околу социјалната заштита се наменети токму за оваа група граѓани. Општина охрид настојува да издвои што поголем износ пари за да да се реализираат ваквите активности и програми. Ќе се продолжи со безбедување на пристап кон објектите, хоризонталната сигнализација на сообраќајниците, пристапните рампи до објектите кои се под локалната самоуправа, обезбедување превоз на овие лица, поддршка на нивни програми и проекти , а подржуваме и голем број од манифестациите во организација на здруженијата на лица со попреченост. Во новиот дел од општинската зграда кј е во изградба ќе е вграден лифт, со што оваа група луѓе ќе може непречено да ги добива услугите во општинакста зграда, велат од локалната самоуправа.
3- ти декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со хендикеп.