Како што информира директорот на училиштето, Секула Баткоски, земјиштето кое служело како ракометно игралиште било во приватна сопственост на лица кои живеат во Америка. Без нивна согласност пред повеќе години, просторот бил ограден и од тогаш користен за потребите на училиштето.
– Неодамна сопствениците одлучија да си го повратат владението врз земјиштето и тоа го направија по судски пат. Иако од наша страна одлуката на судот беше обжалена, Апелациониот суд повторно пресуди во нивна корист. Сега часовите по физичко образование може да се изведуваат во училишниот двор, но единствено кога времето го дозволува тоа. Проблемот со потребниот простор ќе се реши доколку наскоро се изгради спортска сала, вели директорот Баткоски.
Од локалната самоуправа информираат дека изградба на нови спортски сали во три училишта во Охрид е предвидена, но со програмата на Агенцијата за млади и спорт. Од друга страна, од агенцијата потенцираат дека изградбата на спортски сали во образовните инстиитуции не е во нивна надлежност, туку на министерството за образование.
Од надлежното минситерство, пак со обајснување дека со нивната програма е опфатена изградбата на спортски сали во дел од училиштата во Охрид, но не прецизираат во кои училишта и кога таа ќе започне.