Денешниот собир на СДСМ претставува врв на на лицемерието кое може да го има една политичка партија, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5, Д-р Сашо Василевски.
– Токму во Охрид во кој со нивно осумгодишно владеење оставија над 50 милиони долг денес СДСМ преку нивниот митинг ќе дава ветувања за подобрување на стандардот на нашето општество. Се прашуваме каде им е образот и политичкиот морал и дали воопшто го имаат. Зарем се толку политички наивни па мислат дека охриѓани и целокупната јавност заборавила дека Охрид е токму пример на нивната полтичка негација. Зарем мислат дека граѓаните заборавија дека токму нивниот кандидат за пратеник беше заменик градоначалник, во исто време координатор на политичката група во советот и координатор на партијата во Охрид во време на правење на најголемиот долг на една општина воопшто виден во Европа. Токму Охрид и тоа што го направија со него е пример за тоа што сакаат да направат во иднина, доколку ја добијат власта, со цела Македонија. И зарем некој ќе помисли дека ќе биде поинаку ако дојдат повторно на власт, рече Василевски.
Тој додаде дека незамисливо е прикажувањето на СДСМ за план на живот, со оглед на тоа дека во времето на нивното владеење огромен број на фабрики биле затворени, а приватизацијата била корисна само за поединци и кога немало закон за јавни набавки.
– Времето кога СДСМ и нејзините пулени се збогатуваа, а Македонија осиромашуваше, кога се испуштаа работници од работа. СДСМ е класичен пример за катинар партија, во Охрид во најболната транзиција беа затворени над 34 компании , брутално избркани на улица наши родители, дедовци, 21.000 луѓе од Охрид. Ова ли е примерот за вашиот план за живот? Во ваше време над 600 фабрики беа затворнеи во Македонија и 240.000 луѓе беа исфрлени на улица. На што ви асоцира оваа бомбона? На бомбона бизнисот? На носителката на ИЕ 5 која со нејзиниот потпис за приватизација на Електростопанство на Македонија, само во Охрид, за еден ден беа исфрлени 60 семејства на улица. Тоа е план за живот?, праша Василевски.
Тој ги повика челниците во СДСМ да одговорат на изјавите, како што рече, поврзани со двојазичноста во Македонија, за воведување на федерализацијата и кантонизацијата на Македонија.
– Дали се залагаат, како што можевме да видиме од изјавата на Заев за промена на уставот на РМ? Тоа е ништо друго, туку план за разгорување на етничката нетрпеливост, тоа ВМРО ДПМНЕ со коалицијата нема да го дозволи. Како помислуваат да се амнестираат пред македонскиот народ но и пред нивните поклоленија кога допираат теми кои се сензибилни за сите нас. Зарем стигнаа до таа мера да мора да започнат да продаваат се што е македонско, само да се дојде на власт? Зарем цената е да ја продадат Македонија? Вечерва ќе бидеме сведоци на огромен број паушални изјави, без никаков конкретен план, за зголемување на плати, пензиии, вработувања но сето тоа е само дел од лагите на СДСМ, рече Василевски.
Василевски потенцира дека како и било ветено, во Охрид се реализираат две странски инвестиции кои во 2017 ќе овозможат над 2000 вработувања. Како што рече, победата на 11 декември ќе стави крај на политичката криза и крај на уште еден обид на СДСМ на власт да дојде на нечесен начин.
OhridNews