Традицоналните василичарски огнови кои вечерва се разгореа низ голем број охридски маала го најавија доаѓањето на Православната Нова Година-Василица.

Со своите соседи, роднини и пријатели охриѓани од сите генерации прославуваа со музика и песни. На заеднички подготвените софри, вообичаено има ѓомлезе, свинско месо, колбаси на скара, греана ракија и црвено вино.

Освен маалското собирање и палење на огнови, во очи на овој голем празник, многу охридски друштва практикуваат заеднички прослави, кумство и делење на пита со паричка. Исто така младите деца одат од врата на врата и ја честитаат Новата Година со песна, а домаќинките ги честат со овошје, колачи и парички.

OhridNews