51-годишен жител на село Вевчани „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.
На 4-ти февруари од страна на полициски службеник, додека преземал службени дејствија во рамки на редовното работење-конторола на безбедноста во сообраќајот во Струга, бил физички нападнат од страна на пријавениот. Кога од страна на службеникот му било кажано дека ќе му биде издаден мандатен платен налог за сторен сообраќаен прекршок, пријавениот најпрво почнал агресивно да се однесува викајќи на висок тон, а во еден момент физички го нападнал полицаецот удирајќи го во пределот на рака со цел да му ги земе документите. Бидејќи не успеал да му ги земе документите, уште неколку пати го удрил по рацете, при што полицискиот службеник се отргнал од лицето кое се обидело да избега и во тој момент било приведено.
OhridNews