Со едукативни видео спотови во кои се појавуваат познати личности од разни сфери на живеењето, и низа активности, Црвен крст Охрид, утре, 28-ми јули, ќе го одбележи Светскиот ден на борба против Хепатитир Б и Ц.

Мотото на акцијата годинава е „Think again, Ова е Хепатитис – Размисли уште еднаш“, а централниот настан ќе се одвива на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот, каде ќе биде поставен штанд на кој активистите на „Хепта“, „Опција“ и Црвени крст Охрид, ќе делат едукативни материјали и стручни совети за превенција и заштита од оваа болест.

„Хепеинингот“, кој започнува во 20 часот, ќе биде збогатен со настап на познати имиња од охридската музичка естрада.

Настанот има хуманитарен предзнак. Имено средствата што ќе се соберат од најавените активности че бидат наменети за операција на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест. Истовремено сите хумани граѓани и организации можат средства да донираат и на жиро сметката: 530500017615254 – „Охридска Банка“, како и на телефонски броеви:ОНЕ – 075 143 113, ВИП – 077 143 155 и Т Мобиле 070 143 105.

OhridNews