Автомобили, комбиња, автобуси од сите краеви на државата вечерва го наполнија Охрид, каде владејачката ВМРО ДПМНЕ одржува митинг со кој ја започнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11-ти декември. По целата должина на булеварот „Туристичка“ од двете страни има паркирани возила, а сообраќајот го регулира полицијата.

Со развиорени знамиња, зурли и тапани симпатизерите на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ се упатија кон централниот плоштад во Охрид каде се одржува митингот.

OhridNews