Во време кога автомобилската индустрија е во фаза на транзиција и големо реструктуирање, а европските производители се соочуваат со пад на продажбата и силен притисок од кинеската конкуренција, КОСТАЛ Македонија бележи рекорден раст и извоз од над 230 милиони евра.
Костал Македонија е седми најголем извозник од Македонија, а со најновата инвестиција од 30 милиони евра, ќе биде еден од трите најголеми извозници од земјава. Ова во интервју за порталот „Извоз.мк“ го изјави генералниот менаџер на „Костал Македонија“ Виктор Мизо.
- Овој успех се должи како на новите проекти, дел од кои се веќе во функција (plug-in хибриден систем за VW групацијата), подобрување на продуктивноста и ефикасноста на постоечките активности и производни линии, како и дополнителниот проект за Мерцедес, кој ќе придонесе кон зголемено ниво на извоз во 2026 година (планиран раст од над 20%), нов инвестициски циклус од над 30 милиони евра и околу 200 нови работни места во следниот период, посочува Мизо.
Во интервјуто тој се осврнува на актуелните состојби и трендови во автоиндустријата во Европа за која смета дека е далеку од розова, како и за глобалните текови, конкурентноста на македонските компании, недостигот на квалификувана работна сила, идните планови и предизвици. Целиот разговор може да го погледнете на следниот линк.
OhridNews
Извор: „Извоз.мк“
Фото: А. Момироска I OhridNews












