
На најдобрите пет бизнис планови ќе им бидат доделени плакети и парични награди. Првата награда е во вредност од 330.000 денари, втората награда изнесува 230.000 денари, а за треопласираниот бизнис план ќе бидат доделени 130.000 денари. Исто така ќе биде доделена и четврта награда во износ од 100.000 денари, како и петта награда во износ од 60.000 денари.
Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие на чие што име и сметка ќе бидат префрлени средствата. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот, a носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието.
Овој натпреварувачки повик кој трае до 15-ти септември 2014 година е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво и се реализира во соработка со: Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет и Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија.
Повеќе детали за овој Јавен повик може да се најдат на веб-страницата на Министерството за економија на Република Македонија.
OhridNews












