Соопштението со обвинувања до градоначалникот на Охрид од страна на ВМРО Народна Партија, е во најмала мера очајно и смешно и е под политичкото дно, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
-До некаде и разбирливи се ваквите испади на Народна ако се земе во предвид фактот дека тие се повеќе бледнеат односно исчезнуваат од политичката сцена, па соопштенија од ваков тип очигледно се доволни да си го потхранат сопственото его и да се самозадоволуваат.
Најверојатно така наречените “народњаци“ се чуствуваат како гости затоа што повеќе од очигледно не знаат што се случува во нашиот Охрид. Што можеме друго да кажеме, освен дека тие одат со затворени очи по бројните улици и патишта кои се асфалтирани и реконструирани откако на власт е градоначалникот Бакрачечски, очигледно се и слепи и глуви пред содржините кои се пласираат преку електронски и печатени медиуми штом незнаат за напорите на градоначалникот Бакрачески да привлече што е можно поголем број инвеститори кои постојано доаѓаат кај нас.Охридската и македонската јавност знае но “народњаците“ очигледно не знаат или смислено не сакаат да знаат за крупните преоекти кои се во тек а ги реализира Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески меѓу кои: индустриската развојна зона “Мауцхер“ , скијачкиот центар на Галичица, затворениот пливачки базен, затворениот зелен пазар, новото улично осветлување, нови водоводни и канализациони мрежи во градските и приградски средини. Има уште многу , многу, отпочнати проекти за кои веруваме дека и вие од НП сте свесни но не сакате да го признаете тоа. Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Бакрачески работи законски со почитување на сите правила и пропишани норми па оттука е нормално секој проект кој ќе биде квалитетен и добар за Охрид и охриѓани да има и свои временски димензии. Согласно изборната програма се што ветува градоначалникот Бакрачески исполнува. Меѓу другото го плаќа и астрономскиот долг од над 33 милиони евра за кои и вие како “приврзоци“ на бившата локална власт и го оставивте на Општината. Градоначалникот Бакрачески успеа да ги стабилизира и Јавните претпријатија и образовните установи во градов кои ги оставивте во катастрофална состојба а вработените без плати. – се вели во реакцијата.
Оттаму ги отфрлаат обвинувањата за слаба туристичка сезона, псочувајќи дека статистичките податоци говорат за значително зголемениот број на странските туристи кои во Охрид доаѓаат за да ги видат неговите културно –историски белези и уредност.
-Доволен показател за зголемениот број туристи е наплатата од туристичката такса. Во однос на 2011-та година кога Општина Охрид наплатила од туристичка такса околу 26 000 евра за месеците април, мај и јуни, за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кои што според согледувањата на експертите ќе се компензираат во месец август. -се вели во соопштението.
Во врска со забелешките за Мостот на желбите и компарацијата со двата мостови кај Градиште, од ВМРО ДПМНЕ велат дека тие се изградени во 70-те години од минатиот век и се наполно легални односно изградени според сите законски прописи и норми.
-Едниот од нив во меѓувреме е реконструиран односно факсимилно изграден, а вториот се одржува од фирмата на чиј имот се наоѓа. Што е најбитно, двата мостови се безбедни за минувачите и не се дивоградби. Мостот на желбите е небезбедна дивоградба која очигледно за вас е оправдана ако се земе во предвид фактот дека се што е незаконско, коруптивно и нелегално за вас е добро па дури и тогаш кога е ризично. -стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму ја прашуваат Народна Партија дали се уште го задржала статусот на правен субјект, односно дали успеала да ги собере потребните 10 000 гласови за да го продолжи своето постоење?, додавајќи дека ВМРО- ДПМНЕ во наредниот период ќе го испита правното постоење на овој субјект по што ќе преземе и соодветни правни чекори.
OhridNews