Како што тој рече, дводневното манипулирање на јавноста, предводена во советот од СДСМ и ВМРО- Народна партија била со цел да се скрие уште еден голем пазар за гласање на урбанистичките решенија во Охрид.
– Мотивот на СДСМ и ВМРО- Народна партија и мнозинството во тек на два дена да го сменат мислењето околу гласањето подредено на урбанистички планови за кои на почетокот глумат дека наводно се против, за по два дена да гласаат за. Мотивот пред еден месец да ја напуштат седницата заради одредени урбанистички планови за сега да гласаат за истите е чисто пазарење. Мотивот да се отворат прашања за кој советот нема надлежности е само покритие за добивање на време за пазарење со интересите на Охрид. И сето тоа под диригенстка палка на градоначалникот Петрески како важен организатор на урбанистичката берза во Охрид, рече Михаилов.
Според првиот човек на општинската ВМРО- ДПМНЕ, наместо да се дефокусира јавноста со идеи за поставување рампи на влезот од Охрид и со разни настани да се манипулира јавноста, треба конечно да се дадат одговори каде одат парите на граѓаните на Охрид и каде оди пазарењето на сметка на Охрид.
– Ставот на ВМРО- ДПМНЕ по однос на урбанистичките планови е јасен- плановите кои засегаат во нарушувањето на централното градско јадро и нарушувањето на крајбрежниот појас со огромни габарити и висини се недозволени и ВМРО- ДПМНЕ се изјаснува против и во советот и во јавноста. Ваквите одлуки ги носи мнозинството на советот од СДСМ и ВМРО- НП и коалционите партнери, а не советот во целина, потенцира Михаилов .