Наместо да го гони криминалот, Специјалното Јавно Обвинителство го штити и аболицира криминалецот Зоран Заев и понизно ги спроведува неговите нарачки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Катица Јанева го даде крунскиот доказ дека платеничката револуција за наводна нејзина поддршка, била всушност платеничка револуција во режија на Сорос/СДСМ само за да се спасат од кривичен прогон Заев, Верушевски и останатите членови на нивното злосторничко здружение. СЈО пред целата јавност уште еднаш докажа дека е најобична маша на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „Макфакс“.

Според нив, Катица Јанева само потврдила дека не е специјален туку, како што велат, селективен јавен обвинител кој понизно игра како што свири аболицираниот криминалец Зоран Заев.

„Хајката која ја водат против ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја доживеа својата најапсурдна епизода. Со последните обиди масовно, како во најлошите комунистички времиња, да се закануваат, уценуваат и вршат притисок масовно на членови на ВМРО-ДПМНЕ, Јанева и СЈО го пробија дното. Ова обвинителство целосно го загуби својот кредибилитет и интегритет“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На п рес конференција што се одржа денеска, ВМРО ДПМНЕ обвини дека Ивана Туфекџиќ како невработен студент донирала 118.000 денари на СДСМ. Во просек тоа се 40 просечни студентски стипендии, кои учесничката во платеничката револуција и Пленумите на СДСМ и Сорос, ги донираше на аболицираниот криминалец Зоран Заев, истакна на прес конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

„Павле Богоевски дури во четири наврати донирал на сметката на СДСМ. Станува збор за сума од вкупно 184.000 денари. Парите кои ги земаше од невладините на Сорос шарениот Богоевски исто така ги дал во рацете на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ односно Сорос. Едно кажуваат, друго прават“, рече Арсовски.

Според него, овие двајца зборуваат против криминалот, а поддржуваат партија, како што рече, што го измисли и промовираше организираниот криминал.

OhridNews