– Слушајќи ги гласините во јавноста дека функцијата претседател на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид не е стабилна за г-динот Михаилов, сакаме да му порачаме дека не може истата да ја задржи со истите содржини на секој прес од неговото поставување, па се до последниот- за некаков наводен пазар. Тој треба да даде дирекни одговори на најважните прашања кои ги засегаат охриѓани. Пред се, како доктор тој треба пред граѓаните да одговори за состојбите во здравството во Охрид. Како претседател на владеачката ДПМНЕ да одговори за состојбите во новоотворениот универзитет во Охрид, за тоа како владата на Република Македонија не инвестира во ниту еден поголем проект во Охрид. Само така граѓаните можат да го ценат и така може да ја задржи функцијата која сега ја има, стои во испратената реакција на ВМРО- Народна партија.