„Бакрачески пред само година и пол, во занес од влезот во политиката, впрочем како и сите почетници, пред охриѓани ветуваше брда и долини за Охрид. Кога гласачите го гледаа како настапуваше во изборната кампања на локалните избори, мислеа дека Охрид ќе стане светска туристичка дестинација, стои во соопштението на ВМРО-НП Охрид.

„За минатата сезона се вадеше дека краток бил периодот да се организира неговиот тим за успешна летна туристичка сезона ама што ги спречи годинава? Дали сите претходни градоначалници се криви што и денес Охрид е празен? Точно во шпицот на сезоната, Бакрачески и неговиот тим ни велат дека Охрид нема визија како да ги привлече туристите.“ – велат од ВМРО-НП Охрид.

Оттаму прашуваат дали охридскиот градоначалник ќе го урне и мостот кај „Градиште“, кој според нив, е понебезбеден и во полошба состојба од „Мостот на желбите“.

„Каде е програмата на Бакрачески, каде е знаењето за кое викаше дека го поседува за да го извади од црниот мрак кој, како што милуваше да каже, го зафатил Охрид. Искрено се надеваме дека Бакрачески и неговиот тим ќе бидат подготвени за наредната сезона и дека кривицата нема да ја бараат во некој друг. Народот им даде мандат за да ги решаваат проблемите, на не да се жалат на минатото.“ – потенцираат од ВМРО-НП Охрид.

OhridNews