Здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „ Зраци“ Охрид по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во просториите на дневниот центар,  на 3- ти декември, ќе се оддржи „ Отворен ден“.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и институции да го посетат дневниот центар, кој се наоѓа на улица „ 7ми Ноември” во просториите на О.У. „ Братство-Единство”.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со активностите на здружението. Исто така Здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ Зраци“ ќе им додели благодарници на оние кои несебично го помагаа дневниот центар во изминатата година.

OhridNews