Денес повеќе врнежи ќе има во западните делови, каде локално ќе наврнет и околу 20л/м2. На повисоките планини (над 1500 м.н.в.) во северозападниот дел од земјава врнежите ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за повеќе од 10 цм. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во западните делови ќе дува засилен југозападен ветер, што може да услови на места и појава на снежни навеви. Maксималната дневна температура ќе достигне до 13 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Врнежите утре претпладне ќе престануваат, но во текот на денот ќе дува умерен, во западните делови засилен ветер претежно од западен правец. Утре и во понеделник по котлините долж. Во Повардарието ќе има услови за појава на утринска магла. Нов влажен бран ќе има од понеделник попладне кога се очекуваат пообилни врнежи претежно од дожд, најпрво во западните делови, а во вторник претпладне во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, а во вторник снег е можен и на некои повисоки места. До понеделник ќе се задржат повисоки температури и ќе има позначајно топење на снегот.

OhridNews