Целта на овој настан што го организира Граѓанската асоцијација МОСТ е да поттикне дебата, како на регионално, така и на национално ниво, околу можноста за воведување на изборен систем со отворени листи.
На средбата ќе говорат претставниците од организациите кои го имплементираат проектот, како и експерти од областа на изборите и изборната легислатива.