Со низа активности и под мотото „Think Again, Ова е Хепатитис – Размисли уште еднаш“, во Охрид ќе биде одбележан 28-јули, Светскиот ден за борба против Хепатитис Б и Ц.
Централниот настан ќе се одвива на плоштадот „Крушевска Република“, каде ќе биде поставен штанд на кој активистите на „Хепта“, „Опција“ и Црвени крст Охрид, ќе делат едукативни материјали и стручни совети за превенција и заштита од оваа болест.
„Хепеинингот“ ќе биде збогатен со настап на познати имиња од охридската музичка естрада, во 20 часот.
Исто така, на настанот кој има хуманитарен предзнак, ќе се собираат средства за операција на 11 годишно момче од Охрид.
Инаку, активностите се во организација на Асоцијацијата ХЕПТА, Здружението Опција Охрид и Црвен крст Охрид
OhridNews