Осмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи во понеделник на 28-ми јули 2014 година со директен пренос на Македонската радио телевизија. Во ова коло ќе бидат извлечени добитниците на автомобил SEAT IBIZA и 150 вредносни ваучери.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со по дваесет фискални сметки од најран датум 15-ти ноември 2013 година.

И за осмото коло, Државна лотарија на Македонија на различни локации во повеќето градови низ Македонија постави наменски кутии, во кои играчите можат да ги остават своите коверти со фискални сметки и да учествуваат во наградната игра.

OhridNews