Судскиот процес за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ, што се случи минатата година во Охрид,  денеска треба да почне од ново во Основниот суд во Прилеп.

Судењето за убиството на 34-годишниот Дејан Новаковиќ започна во Основниот суд во Охрид, кој подоцна беше изземен, а предметот беше предаден на Основниот суд во Прилеп  кој обвинетите ги прогласи за виновни за кривичното дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“. На првообвинетиот Митре Костоски му беше  изречена затворска казна во времетраење од 4 години, на второобвинетиот Илче Јоноски исто така затворска казна во траење од 4 години и 6 месеци, додека на српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство и му се судеше во отсуство, му беше изречена казна затвор од 5 години. Четвртообвинетиот Ѓоко Наумоски, кој не учествувал во инцидентот поради помагање доби затворска казна од една година.

Постапувајќи по жалба на одбраната Апелациониот суд донесе одлука предметот да биде вратен на повторно судење во Основниот суд во Прилеп, а неколку дена подоцна на обвинетите согласно законот им беше укината мерката притвор.

OhridNews