На улицата „Билјанини извори“, вчера, во 11.05 часот, се случила сообраќајна незгода во која 73-годишен охриѓанец, управувајќи патничко моторно возило „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, удрил во 82-годишна жена од Охрид.

Во незгодата, жената се здобила со тешка телесна повреда и била пренесена и задржана на лекување во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews