Поради едно товарно и едно патничко возило кои заглавиле на снежниот коловоз, во застој е сообраќајот на магистралниот патен правец Кичево- Охрид, кај селото Арбиново.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до застојот дошло откако, поради снежни наноси на патот заглавило едно патничко моторно возило со приколка. Обидувајќи се да му помогне истото се случило и со товарното возило во сопственост на Македонија пат, кое претходно работело на расчистување на коловозот од снег.
Се преземаат мерки за нормализирање на сообраќајот, но се очекува застојот да трае и во наредните два часа.
Од АД Галеб информираат дека нивните автобуси кои се движеле кон Охрид, поради застојот се пренасочуваат кон Демир Хисар и Битола.
OhridNews