Екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, согласно програмата за одржување на манифестации, деновиве се вонредно ангажирани со поинтензивни активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Се чистат и уредуваат прометните и зелени површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености. Се чистеше градскиот плоштад, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот за култура „Григор Прличев“…

Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја. Исто така се чистеше и „Железничка” од наноси на песок и земја, се искоси тревата на тротоарите, покрај жардинерата помеѓу двете коловозни ленти. Се изврши замена на старите знамиња со нови на јарболите низ градот.

OhridNews