Седум лица се повредени, во директен судир на две возила што се случи денеска на автопатот Скопје – Велес. Поради сериозноста на повредите најмалку едно лице е пренесено на скопските клиники, јавува порталот „Лисица“, пренесува „Макфакс“.
Според првичните информации несреќата дошло кога возило голф со косовски регистраски таблички се движело во обратна насока и се судрило со мерцедес кој се движел во регуларно во спротивен правец.
На местото на несреќата извршен е увид, а полицијата работи на утврдување на причините зошто автомобилот со косовски регистарски таблички се движел во обратна насока по автопатот.
OhridNews













